Фудбал
Гвардиола: Луѓето го сакаат Кевин

Навивачите на Манчестер Сити чекаа Кевин де Брујн да се врати на теренот, а менаџерот на англискиот и европски првак, Пеп Гвардиола не ја симна насмевката од неговото лице.
Навивачите покажаа колку му недостасуваше на натпреварот од третото коло во ФА Купот против Хадерсфилд, кога му пееја.
– Кевин мора да знае колку луѓето го сакаат. Тој е неверојатен. Се додека не одлучи да замине или да се пензионира, ќе биде еден од најомилените играчи. Навистина сме среќни што го имаме – изјави Гвардиола.
Белгиецот пропушти половина сезона поради повреда, што делумно придонесе Сити да биде само трет на табелата во Премиер лигата.