Connect with us

Фудбал

Гвардиола не се опушта: „Можеме да поминеме како Ливерпул“

Убедливата победа над Брајтон добро одговараше против поразот на Ливерпул од Евертон.

По триумфот на Манчестер Сити од 4:0, Пеп Гвардиола истакна дека на само пет кола до крајот, „граѓаните“ мора да бидат максимално концентрирани и да не ги потценуваат своите ривали.

“Знаевме дека со пораз или нерешено, ја губиме нашата шанса во борбата за титулата. Притисокот е секако тука. Уште пет натпревари, да одиме натпревар по натпревар. Тоа е се што можам да ви кажам. Што се случи со Ливерпул може да ни се случи и нам како и на Арсенал „Луѓето не очекуваа дека Ливерпул ќе загуби од Кристал Палас или Евертон, но се случи, тоа е фудбалот “, изјави Гвардиола и додаде:

“Евертон се бори за опстанок во Премиер лигата. Исто и Нотингем Форест против кого играме. Мора да го почитуваме противникот, во спротивно нема да успееме”, заклучи Шпанецот.

Сити со 76 бода има бод помалку од лидерот во Премиер лигата, Арсенал.