Фудбал
Гвардиола за европската сензација Мичел: „Ако го повика Баерн, лично ќе го однесам со кола“

Пере Гвардиола изјави дека овој клуб нема да биде пречка за Мичел Санчез доколку на негова адреса пристигне понуда од некој голем европски тим.
Неверојатниот тим предводен од Мичел од клупата по 19 одиграни кола во Ла Лига е лидер на табелата заедно со Реал Мадрид со 48 бода, а сето тоа откако синоќа во феноменален натпревар на „Монтилви“ го победи Атлетико со 4: 3 гола во судиското надополнување.
Играат динамичен, директен фудбал, иако немаат извонредни ѕвезди во својот тим. Имаат поддршка од Сити Груп, кој е сопственик на Манчестер Сити, но тоа само значи дека се финансиски стабилни, а не дека нужно ги очекувале овие резултати. Секако, најзаслужен за ова чудо од северна Каталонија е тренерот Мичел Санчез и затоа не е чудно што за него се интересираат одредени клубови.
Поточно, „Марка“ открива дека Мичел им е интересен на челниците на Њукасл и дека би можеле да тргнат по него доколку Еди Хау не успее да ги подобри резултатите на тимот од „Сент Џејмс Парк“. Потоа е понудата од Олимпик Лион, кој минува низ најголемата криза во поновата историја, а се шпекулира дека сето тоа е само почеток на налетот за голем специјалист.
Очигледно во моментов не е заинтересиран да си замине од Жирона, но не е исклучено тоа да се случи на лето, особено ако се јави некој гигант.
“Што ако се јави некој како Баерн? Во тој случај јас лично ќе го возам во Минхен. Тој заслужува да биде сопственик на сопствената судбина. Ние сме му многу благодарни. Ако некој врвен клуб го сака, а тој сака да си замине. ќе биде слободен да го стори тоа Нема да го спречиме“, изјави за „Релево“ спортскиот директор на Жирона, Пере Гвардиола.