Connect with us

Фудбал

Гвардиола за Халанд: Не можеше да оди, а сега…

Ерлинг Халанд одигра спектакуларен натпревар во ФА Купот против Лутон. Брилијантниот Норвежанец постигна пет гола за Манчестер Сити во победата од 6:2.

Пеп Гвардиола, тренерот на Граѓаните ја коментираше неговата игра.

„Ерлинг не можеше да оди два месеци, а сега погледнете го. Тој е се подобар од натпревар во натпревар. Пресреќен сум што се врати“, изјави шпанскиот стручњак.

Гвардиола се осврна и на играта на целиот тим.

„Имам голема почит кон Лутон. Тие одиграа многу неизвесни натпревари против најдобрите тимови во Премиер лигата. Овој пат бевме одлични, врската помеѓу Де Брујн и Холанд функционираше одлично. Сите придонесоа. Многу сум среќен поради пласманот во четвртфиналето“, изјави Гвардиола.