Connect with us

Фудбал

Хaланд се враќа на теренот по речиси два месеци

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Хaланд, во среда би требало да се врати на терените по речиси два месеци отсуство, најави тренерот на тој клуб, Пеп Гвардиола.

„Имаме цел тим на располагање. Ерлинг се врати. Два месеци се многу, но тој се чувствува добро“, изјави Гвардиола на прес-конференцијата пред натпреварот против Барнли во Премиер лигата.

Халанд нема играно од 6 декември кога го повреди стапалото на натпреварот против Астон Вила. Норвешкиот напаѓач пред повредата постигна 14 гола на 15 првенствени натпревари.

Екипата на Манчестер Сити е втора на табелата во Премиер лигата со пет бода помалку од првопласираниот Ливерпул, но и со натпревар помалку.