Connect with us

Фудбал

Хит дебата меѓу Халанд и Ачерби: „Го сакаш дресот?“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити и Интер одиграа натпревар без голови на стадионот „Етихад“, а еден од деталите на натпреварот се случи по неговиот крај.

Тогаш Ерлинг Халанд му пријде на стоперот на Интер, Франческо Ачерби и го праша дали го сака неговиот дрес бидејќи го влечеше цел натпревар.

Италијанскиот дефанзивец веднаш му кажа дека веќе има два од претходните дуели, што и двајцата ги насмеа.