Connect with us

Фудбал

“Игуаин е она што му недостигаше на Милан, ова е вистинскиот момент за нас”

Во Милан конечно се надеваат на сезона која ќе одговара на реномето на клубот, откако минатата сезона Росонерите завршиа на седмо место во Серија А.

Во Милано пристигна неколку големи засилувања, а во последното коло на Сан Сиро ја совладаа Рома благодарение на голот од Кутроне 95. минута по асистенција на Гонзало Игуаин кој пристигна ова лето од Јувентус.

Гонзало Игуаин е она што му недостигаше на Милан во минатото, ако го прашате крилниот фудбалер на Росониерите, Сусо.

“Милан има шанса повторно да стане голем. Донесовме сјаен напаѓач, Игуаин, и мислам дека тоа е токму она што ни недостасуваше. Тренерот Џенаро Гатузо знае што може да се обезбеди и мислам дека ова е добра сезона да се вратиме на вистинскиот пат” , Посочи Сусо за Мундо Депортиво.

Инаку, Сусо по одличната игра во Милан се најде на листата на Луис Енрике за натпреварита на Шпанија во Лигата на нациите.

“Убаво е кога ќе се вратите дома и ќе добиете повик за репрезентација, тоа е нешто на што секогаш сум горд. Кога тренерот ќе те назначи во првиот тим, тоа е многу важна работа и многу сум среќен поради тоа “, додаде Сусо.