Фудбал
Има незавршена работа – Мурињо сака да се врати само во еден клуб!

Познатиот португалски тренер Жозе Мурињо, кој неодамна доби отказ од Рома, сака да се врати во Манчестер Јунајтед, објави „Дејли мејл“.
Британскиот весник наведува дека од извори блиски до Мурињо дознал дека Португалецот смета дека има незавршена работа на Олд Трафорд, по заминувањето во декември 2018 година.
Мурињо го презеде Јунајтед во 2016 година, откако Луис ван Гал го напушти клубот.
Во првата сезона ја освои Лигата на Европа и Лига купот на Англија, а во следната сезона заврши на второто место во Премиер лигата, зад недопирливиот Манчестер Сити.
Имаше договор до 2021 година, но по серијата лоши резултати доби отказ.
Јунајтед сезонава е во голема криза, се наоѓа само на деветтото место во Премиер лигата и има 16 бода помалку од лидерот Ливерпул. Испадна во групната фаза од Лигата на шампионите.
Британските медиуми веруваат дека менаџерот Ерик тен Хаг наскоро би можел да добие отказ и веројатно Мурињо таму ја гледа својата шанса за камбек.
Неодамна одби профитабилна понуда од Саудиска Ал Шабаб, а италијанските медиуми наместо Валтер Мацари го преселија на клупата на Наполи…