Connect with us

Фудбал

Италија по 20 години без играч на Јувентус во стартната постава

За првпат во изминатите 20 години, италијанската репрезентација одигра натпревар во кој немаше играчи на Јувентус во стартната линија.

Италија беше домаќин на Португалија во Лисабон во понеделникот вечерта на натпреварот од рамките на Лигата на нациите, а домашната екипа славеше со 1:0. Сепак, интересен е фактот дека во стартната постава на Италија немаше ниту еден играч на Јувентус, првпат во последните 20 години. Тренерот, Роберто Манчини, експериментирал и заменил девет играчи во однос на натпреварот со Полска. Тимот ги вклучи членовите на Милан, Рома, Торино, Лацио, Фиорентина, СПАЛ, Џенова и Челзи.

Последен пат Италија немаше играч на Јувентус на стартната постава на 17 јуни 1998 година, кога го победи Камерун 3:0 на Светското првенство во Франција.

Во репрезентацијата на Португалија, имаше еден играч на Старата дама, а тоа беше дефанзивецот Жоао Кансело.