Фудбал
Јунајтед бара засилување во Барселона

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Андреас Кристенсен од Барселона, пренесуваат британските медиуми.
Кристенсен не е стандарден во тимот на Барселона, но оваа сезона успеа да собере 18 натпревари за каталонскиот клуб во сите натпреварувања.
Данскиот фудбалер пристигна во Барселона во 2022 година од Челзи и има договор со каталонскиот клуб до јуни 2026 година.
Британските медиуми известуваат дека Манчестер Јунајтед подготвил одлична понуда за него, како и дека Барселона е подготвена да го намали износот на надоместокот заради тешката финансиска состојба во која е шампион на Шпанија.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, смета дека Кристенсен би бил идеално засилување за „црвените ѓаволи“.
Интересот за стоперот го покажа уште еден клуб од Премиер лигата – Њукасл, но медиумите таму го даваат клубот од „Олд Трафорд“ подобри шанси.