Фудбал
Јуве добива засилување од Рим, и тоа бесплатно?

Фудбалскиот клуб Јувентус би можел да добие засилување од Лацио.
Сигурниот Ромео Агрести открива дека Фелипе Андерсон е мета на Јувентус, кој му нуди поголема плата од Римјаните.
Андерсон има договор до лето, Лацио му понудил да му плаќа нешто повеќе од три милиони евра по сезона, но Бразилецот побарал четири кои засега му ги нуди само Јувентус.
„Старата дама“ е позната по тоа што носи слободни играчи, а Фелипе Андерсон е следната желба на Масимилијано Алегри.
Андерсон има 30 години, а во Лацио првпат пристигна во 2013 година од родниот Сантос, а во 2018 година направи рекорден трансфер во Вест Хем за 38 милиони евра.
Сепак, тој не ги оправда очекувањата во Премиер лигата, со 12 гола и 13 асистенции во 73 натпревари во текот на тригодишниот мандат, а една сезона мина на позајмица во Порто.
Тој се врати во Лацио во летото 2021 година, но во лето може да ги засили редовите на неговиот голем ривал – Јувентус.