Connect with us

Фудбал

Карваљо од Ливерпул до – Лондон?

Фудбалерот на Ливерпул, Фабио Карваљо би можел да се врати во Фулам.

Ливерпул реши да ја раскине неговата позајмица во РБ Лајпциг, поради несоодветна минутажа, но веднаш е во потрага по нов клуб за него до крајот на сезоната.

Очигледно, тоа би можело да биде неговиот поранешен клуб – Фулам.

Карваљо ги одигра своите најдобри игри во Фулам, чија академија се приклучи на Бенфика како 11-годишник.

Ги помина сите помлади категории на Фулам, стигна до првиот тим за кој одигра 44 натпревари пред да премине во Ливерпул, постигна 12 гола и забележа осум асистенции.

Карваљо во Ливерпул пристигна во летото 2022 година за осум милиони евра, минатата сезона доби шанса, но по бројните трансфери летово, Јирген Клоп реши да го испрати на „калење“.

Нема сомнеж дека Фулам е најдобрата опција во моментов.