Фудбал
Киелини се врати во Јувентус, доби нова позиција

Поранешниот дефанзивец и капитен на Јувентус, Џорџо Киелини, се врати во клубот откако се повлече од професионалниот фудбал пред помалку од една година.
Челниците на Старата дама потврдија дека Киелини ќе ја преземе улогата на шеф на институционални фудбалски односи. Во таа улога, 40-годишниот Киелини ќе биде одговорен за одржување на односите со другите клубови во Серија А и низ Европа, како и со репрезентациите. Тој ќе биде директно одговорен пред извршниот директор Маурици Сканавин.
„Киелини никогаш не ги напушти „бјанконерите“ – неговото срце, душа и вредности секогаш останаа поврзани со клубот, и на теренот и надвор од него. Новата функција ќе ја извршува од 16 септември“, соопштија од клубот.
Киелини одигра 561 официјален натпревар за Јувентус во текот на неговата 17-годишна кариера во Торино. Во тој период освои девет титули во Серија А, една во Серија Б, по пет пехари и Суперкупот на Италија. Два пати беше поразен во финалето на Лигата на шампионите.
Откако го напушти Јувентус во 2022 година, Киелини играше за Лос Анџелес каде го освои МЛС Купот во својата прва сезона и заврши како вицешампион во 2023 година. Поранешниот италијански репрезентативец го најави своето пензионирање во декември минатата година.