Connect with us

Фудбал

Клоп имаше што да каже за својот наследник!

Фудбалскиот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека е среќен што Арне Слот може да го наследи на клупата на тој тим.

Холанѓанецот во последните денови се споменуваше како потенцијален наследник на Јирген Клоп на „Енфилд“ и работите се движат доста брзо. Толку многу што Слот вчера откри дека се надева дека двата клуба ќе се договорат за обештетувањето и дека е возбуден што ќе има шанса да води тим како Ливерпул.

На денешната прес-конференција во пресрет на натпреварот со Вест Хем, Јирген Клоп беше запрашан за тие зборови на тренерот на Феенорд.

„Не прочитав ништо, но ми рекоа дека Арне кажал нешто. Не сум вклучен во процесот. Ми се допаѓа како неговиот тим игра фудбал. Не го познавам, но тој е добар тренер и момче Ако е тој, јас сум повеќе од среќен, не сум некој што ќе суди“.

Потоа мораше да му го каже следново на својот наследник:

„Ова е најдобрата работа и најдобриот клуб во светот. Одлична работа, одличен тим. Фантастични луѓе “, рече Клоп.

Advertisement