Connect with us

Фудбал

Клоп: Никој не треба да се грижи за иднината на Ливерпул

Тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, во пресрет на големото дерби што ќе се одигра на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Челзи, се осврна на иднината на клубот од кој заминува на крајот од сезоната.

Причината за оваа приказна е одлуката на Јирген Клоп да си замине од Ливерпул на крајот на сезоната, а капитенот Вирџил ван Дијк изрази неизвесност за иднината на трофејниот клуб. Тој, како и Мохамед Салах и Трент Александер-Арнолд, влегуваат во последната година од своите договори.

– Тоа се нормални работи. Надворешниот свет не ви дава време да обработите сè. Пред една недела никој не знаеше за мојата ситуација. Нивните договори истекуваат само за 18 месеци и никој ништо не кажа. Никој не треба да се грижи за иднината на Ливерпул – изјави Клоп.

Следува пресметката со Челзи. Црвените со победа би направиле голем чекор кон титулата и би ја зацврстиле лидерската позиција.

– Би рекол дека се во добра форма. Победи на повеќето натпревари во последно време. Игравме во првото коло. Не бевме одлични, но мислам дека бевме прилично добри. Резултатот беше во ред. Но, сега треба да направиме подобро. Имавме многу повреди, но тие создадоа јадро. Имаат се во средината, и на чуварите, освен Рис Џејмс. Очекувам да направиме голем чекор.

Но, тоа ќе мора да го направат без Мохамед Салах, чиј Египет испадна од Африканскиот куп на нации, но феноменалниот Египќанец е повреден.

– Нема да брзаме да го вратиме Мохамед во игра. За него е подобро целосно да се опорави отколку да брза да се врати. Ќе мораме да бидеме трпеливи, тој е повреден и за повредите на мускулите е потребно време.