Connect with us

Фудбал

“Кога ќе излезам на теренот, прво се молам за сè – дури и за противничките играчи”

Наби Кеита, играчот кој дојде во Ливерпул како големо засилување од Лајпциг, ги откри своите ритуали пред секој натпревар.

Многу играчи имаат различни ритуали пред натпреварите, дури и Кеита. Засилувањето на Ливерпул од 52,5 милиони фунти покажа брилијантни перформанси на Енфилд – четири натпревари, четири победи.

Дваесет-годишниот Гвинејанец, е вистинскиот избор Јирген Клоп и за многумина е “она нешто” што му недостигаше на Ливерпул минатата сезона.

“Прво и основно што правам пред секој натпревар зборувам со својата мајка. Таа навистина многу ме охрабрува. Првиот пат кога ќе излезам на терен, имам мала молитва за сите на теренот, особено за мојот тим. Не сакам некој да се повреди или ништо лошо да се случува “, рече Кеита, додавајќи:

“Се прашувате како тоа да се молам и за противници? па не баш, во смисла на победа, но да не се повредат и се да биде во ред, но се разбира мојот тим да слави”.