Фудбал
Конечно, добри вести за Барселона

Педри и Жоао Кансело сепак ќе бидат во ростерот за шпанскиот Суперкуп.
Барселона има многу проблеми со повреди оваа сезона, Инџиго Мартинез заработи нова и најверојатно ќе отсуствува еден месец, но добрата вест е што Кансело и ПедрИ се блиску до враќање.
Двајцата се очекува да бидат во авионот за Ријад, но мали се шансите да играат во полуфиналето против Осасуна.
Планот е Кансело и Педри да продолжат да работат со остатокот од тимот по пристигнувањето во Саудиска Арабија и да бидат во составот за потенцијалното финале во недела.
Барселона и Осасуна играат во четврток од 20 часот, а финалето е закажано во недела во истиот термин. Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, кои на терен ќе излезат во среда од 20 часот.