Connect with us

Фудбал

Крај на една ера: „Никогаш не мислев дека ќе дојде овој ден“

Андрес Иниеста ја заврши импресивната фудбалска кариера која траеше преку две децении.

Шпанецот последната сезона ја одигра во клубот Емирати од Обединетите Арапски Емирати.

Пред тоа пет години играше за јапонски Коби, а се прослави во дресот на Барселона, со која четири пати беше шампион на Европа. Со репрезентацијата на Шпанија ги освои сите можни титули.

На прес-конференција, 40-годишниот Иниеста објави дека завршил со играњето фудбал.

„Ве молам дозволете ми да бидам малку емотивен денес. Никогаш не мислев дека ќе дојде овој ден. Никогаш не го замислував. Да, сите овие солзи што ги пролеваме овие денови се солзи на емоции, на гордост.

Ова не се солзи на тага. Ова се солзите на тоа момче од мало гратче како Фуентеалбиља, кое сонуваше да стане фудбалер и го остваривме тоа по многу труд, жртви… никогаш не се откажувам, суштински вредности во мојот живот.

Се чувствувам многу горд на ова патување, со сите луѓе кои ме следеа“, изјави Иниеста.