Connect with us

Фудбал

Крајот на трансфер периодот го обележа ПСЖ со уште едно ново засилување

Преодниот рок завршен низ цела Европа, а ПСЖ во финишот најави нов засилување.

Како што објави тренерот Тухел, парижаните го потпишаа камерунскиот напаѓач Ерик Максим Чупо-Мотинг.

Овој 29-годишен напаѓач претходно играше за Шалке, Хамбург и Мајнц а во Париз доаѓа да го растерети Едисон Кавани во долгата сезона, во која шампионот на Франција напаѓа повторно кон титулата во националниот шампионат, но има големи амбиции и во Лигата на шампионите.

Пред него потпиша Хуан Бернат кој дојде од Баерн и ја зголемена конкуренција на позицијата лев бек.