Ракомет
Кузмановски: Деталите не се многу важни, ама од грешките се учи

Еден од подобрите ракометари во селекцијата на Македонија во вечерашниот пораз од Франција (29-39), беше Филип Кузмановски, тој изјави дека со нетрпение чека челаада играат во Диселдорф, и дека дадоа се од себе за Македонија.
„Со нетрпение чекавме да играме пред толку многу публика во Диселдорф, што ни донесе дополнителна мотивација со оглед што игравме против силна репрезентација како Франција. Задоволен сум како одигравме во првото полувреме, имавме активен резултат, но противникот потоа ја казни секоја наша техничка грешка. Имаме многу работи да учиме од нив. Видов доста позитивни работи, а сега имаме доволно време да анализираме и четири дена за подготовка до следниот натпревар. Деталите не се многу важни во ваков натпревар, ама од грешките се учи. На добар пат сме, работиме напорно. Дадовме се од себе за Македонија, а сега мислите ни се насочени кон следниот меч“, изјави по мечот Кузмановски.