Connect with us

Ракомет

Кузмановски потпиша со „Еурофарм Работник“

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски денеска потпиша со „Еурофарм Работник“.

Тој ја прекина соработката со Металург и стави потпис на договор со битолскиот клуб, кој важи до крајот на сезоната.

За средниот бек беа заинтересирани уште неколку странски екипи, меѓу кои и ППД Загреб и Татран Прешов, но тој одлучи да остане во Македонија барем до крајот на сезоната.

Од следната, Кузмановски ќе се пресели во Бундеслигата, каде што има договор со тимот на Магдебург.