Connect with us

Фудбал

Ла Лига го казни Атлетико по прекинот на „Мадрилењо“

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид е казнет по суспензијата на претходниот „Мадрилењо“.

Како што беше потврдено денеска, јужната трибина на стадионот „Метрополитано“, кој е седиште на главното јадро на навивачите на Атлетико, ќе биде затворена за навивачите во следните три натпревари.

Покрај тоа, Атлетико мора да плати казна од 45.000 евра.

Тоа значи дека јужната трибина на стадионот на Атлетико ќе биде празна за натпреварите со Леганес, Лас Палмас и Алавес.

Да потсетиме, мадридското дерби беше прекинато во 64. минута, по водството на Реал, кога Тибо Куртоа ги испровоцира навивачите, а тие фрлаа запалки кон него.

Судијата го прекина натпреварот, ги отстрани играчите од теренот, но по 15 минути играта продолжи и заврши со резултат 1:1.