Фудбал
Лајпциг отпушти двајца фудбалери поради расизам

Германскиот фудбалски клуб Лајпциг отпушти двајца играчи од својот тим до 19 години, откако тие дадоа расистички коментари за други играчи.
И двајцата дадоа видно расистички коментари за своите соиграчи и се однесуваа крајно неспортски и неприфатливо“, рече Лејчиг во денешната изјава, додавајќи дека веднаш штом случајот излезе на виделина, добиле отказ.
Од бундеслигашот не прецизираа за кои фудбалери станува збор.
Тренерот на Лајпциг, Марко Роуз, ги пофали играчите од младинската екипа што го пријавиле случајот на тренерите во академијата на клубот.
„Некој застана таму и рече дека тоа не е така. Клубот потоа ги презеде потребните и правилни чекори “, рече тој.