Фудбал
Лаутаро заминува? Нема договор за нов договор

Интер и Лаутаро Мартинез функционираат беспрекорно. Но, она што ја расипува среќата е фактот што се уште не е постигнат договор околу продолжувањето на актуелниот договор, што ги зголемува шпекулациите дека Аргентинецот наскоро би можел да го напушти „Џузепе Меаца“.
Важечкиот договор на Аргентинецот истекува дури во јуни 2026 година, но клубот сака да го зацементира. Според агентот на играчот Алехандро Каман, договорот се уште не е постигнат.
– Лаутаро е важен во италијанскиот и европскиот фудбал и верувам дека тој и Ерлинг Хaланд се двајцата најдобри центарфори во Европа. И тоа многу му значи на Интер. Тој е напаѓач на високо ниво и не е лесно да се постигне договор. Има многу аспекти за дискусија. Сепак, ние сме мирни и постојано разговараме со Интер. Сега најважен е тимот и дека е среќен – изјави Камано.
За Лаутаро се заинтересирани многу екипи, а оваа вест сигурно уште повеќе ќе ги загрее. Аргентинецот постигна 21 гол и забележа пет асистенции на 27 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.