Connect with us

Фудбал

Лазаров: „Мене ми е јасно зошто го губиме натпреварот и зошто не можеме да сме рамниоправни 60 минути“

Селекторот на Македонија Кире Лазаров, по мечот со Франција, изјави дека Македонија може ракометно да се носи со најголемите светски сили, но ни фали менталитет и волја за работа и надградба на самите себеси.

Лазаров е свесен зошто не можеме да сме рамноправни во текот на целиот меч.

„Мене ми е јасно зошто го губиме натпреварот и зошто не можеме да сме рамниоправни 60 минути. Затоа и јас инсистирам од сите наши играчи во Македонија, треба да го промениме менталитетот, треба да вложуваат индивидуално сами во себе како играчи. Видовте со Франција со какви играчи си имаме работа на физички план“, вели селекторот.

Според него, менталитетот е проблем и немањето волја за работа.

„Колку и да си ракометно добар, мислам дека таа физичка спрема и снага е најмногу важна. Тие се професионалци, работат сами на себе, ние во Македонија се тераме да работиме. Мора да се мотивираме, мора да се уценуваме да работат. Тој менталитет треба да се промени не само во ракометот, туку и во сите спортови. Инаку и понатаму ќе заостануваме“.

„Ракометно, можеме најмногу да се доближиме до големите сили. Можеме да парираме, имаме и глава и опашка, но изостанува физичкиот дел. Сега имаме добра макеоднска лига, но треба поквалитетен ритам на средбите, еден побрз ритам, да нема влечење по терен. Самите видовте дека за пет минути разликата може да оди од три на 13 разлика. И тоа не само нас, може тоа секому да се случи. Ете со Франција инсистиравме да не биде така, но на крајот отиде разликата на минус десет“, рече Лазаров.