Connect with us

Ракомет

Лазаров најефикасен во победата на Нант

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со седум постигнати голови беше најдобриот играч на Нант на дерби дуелот од третото коло на францускиот ракометен шампионат. Нант синоќа на гостински терен го победи Сант Рафаел со 26:25.

Лазаров се разигра на почетокот од второто полувреме и постигна три гола во серија. Сепак, Сант Рафаел одговараше и преку Каралек и Котешо не им дозволуваше на гостите да се одлепат.

Покрај Лазаров во екипата на Нант се истакна и Лагард со 4 гола, а кај домашниот Сант Рафаел прво име беше Кошето со 6 гола.

Нант е лидер заедно со ПСЖ и Монпелје со по 6 бода.