Други спортови
Лазаров поуспешен од селекторот Раул на Трофејот на шампионите
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со Нант го освои третото место на Трофејот на шампионите, откако денеска во малото финале го победија ПСЖ чии тренер е македонскиот селектор Раул Гонзалес.
Мечот беше решен по маратонска серија на седмерци со конечен резултат 46:45.
Во регуларното време резултатот беше 34:34.
Македонскиот репрезентативец средбата ја заврши со осум погодоци вклучувајќи ги и головите од пенал-серијата.
За трофејот ќе играат Сант Рафаел и Монпелје.