Connect with us

Фудбал

Легендарниот тренер му покажа на Милан: „Доведете го Алегри!“

Легендарниот Џовани Галеоне, тренер кој заедно со Ариго Саки беше еден од најиновативните во осумдесеттите години на минатиот век.

Галеоне за италијанските медиуми ја коментираше ситуацијата во Милано и рече дека идеално решение за овој клуб би било да го доведе Масимилијано Алегри.

„Кога стана тренер на Милан, веднаш ја освои титулата. Враќањето во сегашниот тим на Милан би било совршено за тим кој е технички многу квалитетен како Милан. Тие имаат силни поединци во нападот и Макс исто така би донел подобра одбрана Ако добие понуда од Златан Ибрахимовиќ, мислам дека ќе ја прифати“, изјави Џовани Галеоне.

Да потсетиме, Алегри го напушти Јувентус кон крајот на минатата сезона и оттогаш е без работа.

Имаше понуди од Саудиска Арабија, па дури беше поврзуван и со Манчестер Јунајтед.

Од друга страна, Фонсека има договор со Милан до 2027 година и по многу слабиот старт на сезоната не е така лесно да му се врачи отказ.