Connect with us

Фудбал

Лига на Нации: Без голови на „судирот“ на гигантите во Минхен

Дербито во Лигата на Нации се одигра во Минхен каде што се сретнаа двата последни светски прваци Германија и Франција. И покрај тоа што се очекуваше спектакл и голови, сепак, мрежите на крајот мируваа. Двата тима одиграа еден подпросечен натпревар кој заврши без голови.

Од другите натпревари, Бугарија ја шокираше Словенија со победата на нејзин терен со 2:1. Украина во последните мигови стигна до победа на гостувањето кај Чешка од 1:2, а Велс беше подобар од Ирска во островското дерби со 4:1. Норвешка лесно го доби Кипар со 2:0, додека Летонија и Андора одиграа меч без голови. Првиот меч во Лигата на Нации се играше во Астана каде домашниот Казахстан беше поразен од Грузија со 0:2.

Извор: ТВ21