Connect with us

Фудбал

Ливерпул го врати Карваљо!

Ливерпул објави на последниот ден од 2023 година.

Поради проблеми со повредите решија да го вратат фудбалерот кој првиот дел од сезоната го мина во Лајпциг – Фабио Карваљо.

Ова момче не доби доволно минутажа во Лајпциг како што се очекуваше, па ваквиот развој на ситуацијата веројатно е најдобар за двата клуба.

Ливерпул во текот на летото ги одби понудите за овој играч од средниот ред, бројот на тимови кои го посакуваа беше голем, но не и на позајмица. Очигледно е дека Јирген Клоп верува во неговите квалитети и можно е тоа да го докаже до крајот на оваа сезона.

Карваљо пристигна од Фулам во летото 2022 година.