Фудбал
Лошите вести за Барселона се бескрајни – и Жоао Феликс се повреди

Барселона со објава на официјалниот сајт на клубот објави дека уште еден играч од тимот на Чави Ернандез се здобил со повреда.
Станува збор за 24-годишниот Португалец Жоао Феликс !
Од напишаното јасно се гледа дека техничарот се повреди на денешниот (30.01) утрински тренинг. Го истегна десниот зглоб и повреди еден од лигаментите.
Тоа значи дека Феликс сигурно нема да игра на утрешниот домашен натпревар против Осасуна во 20. коло од Ла Лига. Допрва ќе биде јасно колку време ќе биде надвор од терените, но најверојатно ќе биде надвор од терените најмалку 2-3 недели.
Списокот на повреди на Барселона е доста долг – Гави, Марк-Андре тер Штеген, Маркос Алонсо, Алехандро Балде, Иниго Мартинез, Рафиња и Серхи Роберто…