Connect with us

Други спортови

Луди квалификации во Монца: Пол-позиција за Раиконен пред утрешната трка

Возачот на Ферари, Кими Раиконен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Италија на патеката во Монца.

Лудитe квалификации во Монца донесоа многу возбуда во финишот. Луис Хамилтон влезе во финалниот круг со најдобро време, но “со звукот” на сирената гo престигнуваат двете Ферарија.

Прво, Себастијан Фетел дојде на прво место, но неговата радост траеше само неколку секунди, додека Раиконен извози најбрзо време и со резултат 1:19.119 ја освои пол-позицијата.

Зад дуото на Ферари ќе стартува Луис Хамилтон и Валтери Ботас во Мерцедес и судејќи по квалификациите, ќе имаме навистина спектакуларна трка.