Connect with us

Фудбал

Луис Енрике: Штета што Мбапе е во Реал

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике изјави дека жали што францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе го напуштил клубот од Париз и се преселил во Реал Мадрид.

„Килијан е одличен играч и личност која е тешко да се најде кога зборуваме за фудбалери од неговото ниво. Штета е што отиде во Реал “, изјави Енрике за „Мовистар“.

Мбапе помина шест сезони во Пари Сен Жермен. За клубот од француската престолнина одигра 308 натпревари и постигна 256 голови.

“Ќе мора да научиме да играме без Килијан. Ова е нешто што треба да го направат сите тренери”, додаде Енрике, кој истакна дека не е во лоши односи со фудбалерот.

Францускиот фудбалер оваа сезона настапи на осум натпревари за Реал и погоди шест пати.