Connect with us

Фудбал

Луис Енрике со прва забрана за репрезентативците на Шпанија

Новиот тренер на Шпанија Луис Енрике од првиот ден им на покажа играчите дека ќе управува со тимот со цврста рака. Во кампот на тимот тој им рекол на играчите дека забранува да влезат во трпезаријата со своите мобилни телефони, пренесе „Спорт“.

За време на појадок, ручек или вечера, оние кои ги носат своите телефони со себе мора да ги остават на влезот. Луис Енрике и неговиот штаб ќе им дадат пример на играчите, најпрво оставајќи ги своите телефони надвор.

Поранешниот ментор на Барселона има за цел да го поттикне дијалогот помеѓу играчите, за да можат да ги искажат своите мислења и да се одморат повеќе.