Connect with us

Фудбал

Лукаку и Де Брујн ја одбија поканата за националниот тим

Белгиските медиуми пишуваат за голем шок во репрезентацијата откако Ромелу Лукаку и Кевин де Брујн не се одзваа на поканата за претстојниот собир.

Најдобриот стрелец во историјата на националниот тим, Ромелу Лукаку и најдобриот играч на белгиската селекција, Кевин де Брујн, нема да настапат за националниот тим на натпреварите од Лигата на нации во октомври, иако добија покани.

Лукаку го немаше ниту во септември, но неговото отсуство тогаш беше образложено со средување на деталите од трансферот во Наполи. Официјално Де Брујн не доаѓа поради полесна повреда со која се здоби пред две недели, но медиумите пишуваат дека овие откази всушност се најава за репрезентативни пензии.

Еден Азар и Јан Вертонген веќе се простија од репрезентацијата, а Тибо Куртоа изјави дека нема да игра за националниот тим додека не се смени селекторот и не си замине Доменико Тадеско.

Белгиските медиуми шпекулираат дека тоа е причината за отказите на Лукаку и Де Брујн. Посебно во контекст на изјавите на Де Брујн по поразот од Франција во септември.