Фудбал
Мајорка не успеа да се спаси од моќкиот Реал, пресвр на Селта

Се одиграа уште два натпревари од 19.коло во шпанското првенство. Реал Мадрид на својот стадион ја победи Мајорка со 1:0, додека Селта од Виго го победи Бетис со 2:1.
Стоперот Антонио Ридигер му донесе победа на Реал – по центаршутот на Лука Модриќ од корнер во 78. минута.
Реал беше поконкретен ривал во поголемиот дел од натпреварот. Избраниците на Карло Анчелоти ја воспоставија иницијативата од самиот почеток и создадоа неколку шанси во првото полувреме. Белингем шутираше со глава кон голот кој го чуваше српскиот репрезентативец Предраг Рајковиќ во 13. минута по центаршутот на Модриќ, но голманот на Мајорка го запре ударот во блискиот агол.
Седум минути подоцна Реал повторно имаше добра шанса да поведе – повторно Модриќ беше творец, а ударот на Винисиус го „симна“ Рајковиќ.
Во 42. минута возврати Мајорка – Санчез шутираше, топката заврши на гредата, па на гол-линијата, но не ја мина целосно.
Саму Кошта за малку ќе ги доведе гостите во водство во 54. минута – топката се одби од него откако во дуелот се најде Фран Гарсија, кој ја погоди рамката од голот.
После тоа, Реал го нападна шеснаесетникот на Реал, а Мајорка повторно беше спасена од Рајковиќ – со „парада“ на ударот на Родриго – кој од левата страна испрати „ролна“ во далечниот агол. Србинот одбрани со десната рака. Брахим Дијаз потоа налета на ударот, но не успеа да ја затресе мрежата од непотребна близина.
Ридигер погоди за водство на Реал, кој успешно го приведе натпреварот до крај и славеше.
Во вториот натпревар од овој термин, Селта Виго направи пресврт против Бетис. Рубиал ги доведе зелените во водство во шестата минута по асистенција на Иско. Аспас израмни од пенал 10 минути подоцна, а Сведберг погоди во шестата минута од судиското надополнување во вториот дел. Пред тоа, ВАР во 84. минута поништи гол на Норвежанецот Јорген Странд Ларсен за Селта.