Фудбал
Македонија вечерва против Ерменија во Лигата на Нации
Македонија вечерва против Ерменија во Лигата на Нации
09/09/2018
Македонскиот национален тим вечерва од 18 часот, ќе оди на втора победа во групата во Лигата на Нации. Дуелот со Ерменија ќе биде од големо значење затоа што токму тие две селекции се фаворити за првото место во групата, кое што на крајот може да значи пласман на Европското првенство.
Македонија со победа од 0:2 над Гибралтар го старуваше ова натпреварување, а исто така и Ерменија со триумф над Лихтенштајн го започна својот пат кон првото место.
Селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев во најавата вчера на прес-конференција се согласија дека овој натпревар е од исклучително значење и дека македонската селекција ќе атакува на нови три бода од овој меч.
Извор: ТВ21