Connect with us

Фудбал

Марка пишува: Трент Арнолд е првиот пик на Реал Мадрид

Трент Александер-Арнолд е првата цел на Реал Мадрид во летниот преоден рок, според шпанскиот весник Марка.

Актуелниот европски првак уште пред почетокот на сезоната почна да ја бара најдобрата опција за десната страна, за да го симне товарот од Дани Карвахал, кој е единствениот вистински десен бек во тимот.

Повредата на коленото на Карвахал, која најверојатно ќе го паузира до крајот на сезоната, ја забрза одлуката, а прашање е во каква форма ќе биде Шпанецот кога ќе се опорави.

Сепак, не се очекува европскиот првак веднаш да реагира и да донесе замена, туку Лукас Васкез да биде опција десно до крајот на сезоната кога Реал треба да ја засили конкуренцијата.

Прв избор ќе биде детето на Ливерпул и англискиот репрезентативец кој веќе има забележано преку 300 натпревари за „црвените“.

Арнолд има договор со Ливерпул до 30 јуни 2025 година, а англискиот клуб се уште не започнал преговори за продолжување на соработката.

Од друга страна, играчот не објави ниту нов договор, поради што се интензивираа шпекулациите за негово заминување.

Патем, Арнолд е многу добар пријател со Џуд Белингем кој игра за „кралскиот клуб“ и кој секако би сакал да го види во бела опрема.