Фудбал
Марсијал имаше операција на препоните, ќе се врати за два и пол месеци

Иднината на Антони Марсијал во Манчестер Јунајтед е неизвесна по операцијата на препоните.
Клубот од Олд Трафорд соопшти дека францускиот фудбалер имал успешна операција на препоните и дека неговото враќање на терените се очекува за два и пол месеци.
Тоа значи дека Ерик Тен Хаг нема да може да смета на Марсијал до април, а неговиот договор со клубот истекува на крајот од сезоната.
„На Антони му посакуваме брзо закрепнување и со нетрпение го очекуваме неговото враќање“, се вели во соопштението на Манчестер Јунајтед.
28-годишниот напаѓач нема играно за „црвените ѓаволи“ од 9 декември кога на домашен терен загубија со 3-0 од Борнмаут. Прво отсуствувал за време на Божиќ поради болест, а потоа била констатирана повреда на препоните. Оттогаш тој пропушти седум натпревари на Јунајтед во сите натпреварувања.
Марсијал долго време е на втор план кај холандскиот тренер. Минатата сезона тој беше дел од тимот на само 28 од вкупно 62 натпревари во сите натпреварувања, а на 13 натпревари во Премиер лигата постигна само еден гол.
Французинот пристигна во 2015 година од Монако за 36 милиони фунти, но поради лошата форма мина период како позајмен во Севиља (сезона 2021-22).
💣🚨 BREAKING: Manchester United confirms Anthony Martial will be out for 10 weeks after a successful surgery to address a groin complaint. pic.twitter.com/M78ggMe9oH
— Football Talk (@FootballTalkHQ) January 24, 2024