Фудбал
Мауро Икарди наскоро ќе потпише нов договор со Интер
Најдобриот фудбалер на Интер, Мауро Икарди наскоро ќе го продолжи договорот со клубот, според италијанските медиуми.
Со месеци, Икарди бил поврзан со Реал Мадрид, но на крајот остана на Џузепе Меацa, кој во наредните неколку години изгледа нема да замине.
Интер подготви нов договор за својот капитен, кој ќе важи до 2023 година, според кој Икарди ќе заработи помеѓу пет и шест милиони евра годишно.
Наводно, клаузулата за откуп ќе остане иста – 110 милиони евра.
Мауро Икарди е заинтересиран за оваа соработка и се чини дека нема пречки за формализирање на работата, што се очекува во наредните недели.