Connect with us

Фудбал

МБАПЕ ГО ТУЖИ ПСЖ: Напаѓачот не може да им прости 55 милиони евра

Фудбалскиот клуб ПСЖ и неговиот поранешен играч Килијан Мбапе ќе се појават пред заедничката комисија за жалби на Професионалната фудбалска лига (ЛФП) на 15 октомври.

Постапката започнува по жалбата на клубот кој не сака Мбапе да плати 55 милиони евра заостанати плати.

Во зависност од одлуката на комисијата, можни се уште неколку постапки, пред Француската фудбалска федерација (ФФФ) и управниот суд.

Двете страни ќе се сретнат пред оваа комисија во вторник на 15 октомври во попладневните часови, велат изворите, потврдувајќи ја информацијата од весникот Екип.

Минатата недела ПСЖ ја обжали одлуката на Професионалната фудбалска лига со која се наложува да плати 55 милиони евра неподмирени долгови кон Килијан Мбапе, кој летово замина во Реал Мадрид.

Францускиот играч бара 55 милиони евра од ПСЖ, бидејќи тврди дека не добивал плата и бонуси како другите играчи во последните месеци во парискиот клуб. ПСЖ одбива да ја плати таа сума.