Connect with us

Фудбал

Мегваер го чека пауза, но рече: Ќе се вратам посилен

Стоперот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер се повреди во ремито без голови против Астон Вила во Бирмингем.

„Фрустриран поради повредата овој викенд, ќе отсуствувам неколку недели, но ќе се вратам посилен“, напиша на Инстаграм 31-годишниот Шефилд.

Мегваер во неделата на „Вила Парк“ „заработи“ жолт картон во 36. минута од споменатиот натпревар од седмото коло на Премиер лигата, а поради повредата 194 сантиметри високиот англиски дефанзивец беше изнесен од теренот и можеше не продолжи да игра.

„Црвените ѓаволи“ ќе му гостуваат на Брентфорд во осмото коло по репрезентативната пауза. Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, речиси сигурно нема да може да смета на бековите поради здравствениот извештај – Мароканецот Нусаир Мазрауи, како и хронично повредениот Лук Шо.