Други спортови
Меморијален турнир во чест на Јованче Станојковски-Јоцо
Во спортската сала на основното општинско учлиште „Јоаким Крчовски“, Крива Паланка денеска се одржа прв Меморијален турнир во пинг-понг во чест на Јоаванче Станојковски-Јоцо, пингпонгар, тренер и вљубеник во овој спорт.
Турнирот се востанови на иницијатива и на професор д-р Атанас Филиповски, кој е и покровител на турнирот. Филиповски е и основач на пинг-понгарскиот клуб „Крива Паланка“, а во обраќањето на почетокот на турнирот говореше за делот од биографијата на Јованче Станојковски, посветена токму на овој спорт.
Турнирот имаше ревијален карактер, учествуваа дваесетина пингпонгари од повеќе градови, пријатели на Јоцо, но и вљубеници во пинг-понгот. Мечевите се одиграа по групи, по што во фазата на елиминации беа прогласени трите најуспешни учесници. Прв заврши Мартин Стаменковски, втор е Петар Митков, а трет Марјан Павиќ.
Организаторите и поддржувачите на турнирот, пингпонгарите од Крива Паланка, под водство на проф.Мартин Стаменковски, истакнаа дека интенцијата е во иднина овој меморијален турнир да стане традиционален и интернационален, влегувајќи во календарот на Пингпонгарската федерација на Македонија, со што ликот и делото на Јованче Станојковски – Јоцо нема да останат заборавени.
Проф.д-р.Атанас Филиповски посмртно му додели признание за развој на пинг-понгарскиот спорт на прерано починатиот Јованче Станојковски – Јоцо, кој го прими неговото семејството. Сите учесници го посетија и вечното почивалиште на Јоцо каде положија цвеќе и му оддадоа почит.