Фудбал
Меси дојде во клубот, а шефовите порачаа дека веќе имаат доволно играчи со таков квалитет
Лионел Меси, комплетната кариера ја помина во Барселона и сите прилики наведуваат дека во овој клуб ќе ја заврши кариерата.
Уште како момче, Меси пристигна во Ла Масија и во Барса од него направија еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Меѓутоа, сè можеше да биде поинаку доколку аргентинскиот великан Ривер Плата одлучеше да го прифати момчето од Росарио кое доминираше на тренинзите на младинците.
Кога Меси дојде, постигна 12 голови во пробниот натпревар, но во Ривер Плата одлучиле дека не им треба, откри тогашниот тренер на младинците, аргентинскиот великан Едуардо Абрахемијан.
„Ме импресионираше уште од првиот тренинг. Беше мал, но за нас тоа не беше проблем, затоа што баравме некој со неговите технички способности, кои веќе ги имаше во младинците.“ кажа Абрахемијан, додавајќи:
„Постигна 12 голови, беше 3 или 4 дена во Буенос Ариес, а јас лично го повикав директорот на клубот и му соопштив каков играч имаме. Го сакав во клубот, но тие не сакале да осигураат сместување за него и неговото семејство. Му кажав дека не смееме да испуштиме таков играч, но ми кажаа дека веќе имаме доволно играчи со неговиот квалитет и Лео си замина дома.“
Подоцна Лео замина во Барселона и сè стана историја.