Connect with us

Фудбал

Меси: Никогаш не би го направил она што го направи Роналдо

Аргентинскиот фудбалер, Лионел Меси, прв пат го коментираше трансферот на својот “вечит ривал” Кристијано Роналдо.

Во изминатиот трансфер период, Роналдо за нешто повеќе од 100 милиони евра го замени Реал Мадрид со Јувентус, а Меси беше изненаден од трансферот.

“Многу ме изненаден потегот на Роналдо. Не можам да замислам да го напушти Реал Мадрид, иако многу клубови го сакаа… Тој е во многу добар клуб, Јувентус сигурно сега ќе биде многу посилен и поконкурентна во Лигата на шампионите”, изјави Меси. Сепак, тој додаде дека никогаш нема да го направи она што го направи Роналдо.

“Од Барселона никогаш не би заминал. Овде имам се, дојдов на возраст од 13 и го поминав речиси целиот свој живот во Барселона. Јас сум во најдобриот клуб во светот и еден од најубавите градови. Нема потреба да заминам.”

Меси од 2005 година, откако е во првиот тим има одиграно скоро 650 натпревари за Барселона.