Connect with us

Ракомет

Металург против Бешикташ по првата победа во Лигата на шампиони

Македонскиот вице-првак Металург попладнево ќе го одигра натпреварот од 2.коло во ракометната Лига на шампиони.
По убедливиот пораз на гостувањето во Франција кај Монпеље (32-22) избраниците на Лино Червар ќе се обидат да ја остварат првата победа во елитното натпреварување.
– Бешикташ загуби од Спортинг во првото коло. Тие имаат неколку истакнати играчи што подолго време се заедно. Ако ние ги исправиме недостатоците во нашата игра, а воедно добиеме и поддршка од публиката, тогаш имаме шанси. Овој дуел ни е навистина важен и затоа ги повикуваме нашите навивачи да дојдат во што поголем број за да го оствариме најдобриот можен резултат, изјави хрватскиот стратег Червар.
Натпреварот Маталург – Бешикташ ќе се игра попладнево од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Ова е дуел од група Д во која вчера Монпеље како гостин славеше победа над Чеховски Медведи со 28-24 додека денеска својот меч ќе го одиграат Спортинг и Мотор Запорожје.