Фудбал
Милнер се искачи на второто место по одиграни натпревари во Премиер лигата

Фудбалерот на Брајтон, Џејмс Милнер учествуваше во синоќешниот натпревар од 20. коло на англискиот шампионат против Вест Хем (0:0).
Триесет и седумгодишниот Англичанец го одигра својот 632. премиерлигашки натпревар и се искачи на второто место во оваа статистичка категорија достигнувајќи го Рајан Гигс.
Рекордер во најсилната англиска фудбалска лига според одиграни натпревари е Герет Бери со 653.
Милнер пред да се пресели во Брајтон, настапуваше за Ливерпул, Манчестер сити, Астон вила, Њукасл, Свиндон и Лидс.