Connect with us

Ракомет

Митревски: Да не се предадевме прерано, поразот немаше да биде двоцифрен

Никола Митревски кој одлично се покажа на голот во воведниот дел од натпревар од Европското првенство, против Франција, чувствува горчината од убедливиот пораз и покрај тоа што Македонија играше против актуелниот олимписки шампион.

„Првпат имавме можност да играме на стадион. Почнавме одлично, 15-20 минути игравме егал, ги контролиравме случувањата на теренот, а потоа нивната одбрана не принуди да направиме неколку неизнудени, технички грешки кои лесни ги искористија во транзиција и го презедоа водството.

Тоа е разликата меѓу Македонија и Франција, тие играат врвни натпревари на секои три дена, ние немаме такво темпо. Работиме за да го стигнеме донекаде нивното ниво. Има горчина кај нас, не толку поради поразот од 10 разлика, туку поради менталитетот, ако не се предадевме прерано, можеби ќе се изборевме за попристоен пораз, од 5-6 разлика. Французите немаа загубена топка, ние имавме над 20, потоа од нив примавме лесни голови и тука треба да се бараат причините за ваквиот пораз“, истакна најдобриот поединец во македонската репрезентација вечерва.