Connect with us

Фудбал

Модриќ: Роналдо? Не ме изненади што не дојде

Лука Модриќ на церемонијалната вечер на УЕФА во Монте Карло ја освои наградата за најдобар играч во светот.

Модриќ ги остави зад себе Мохамед Салах и поранешен соиграч Кристијано Роналдо, кој дури и не се појави на церемонијата да му честита на хрватскиот фудбалер.

Дека му падна тешко на Роналдо тоа го потврди и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, но сега по актуелно е она што го прокоментира Модриќ, кој не е изненаден од потегот на португалецот.

“Тоа ме изненади што не дојде. Жал ми е што не беше таму, но сигурен сум дека има причина зошто не можеше да биде присутен. Би сакал да го видам, но тој не беше таму, се надевам дека наскоро ќе се видиме на друго место”, рече Модриќ.