Connect with us

Фудбал

Мората: Тотална катастрофа, излегувам на терен и не знам каде сум

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората ова лето имал желба да замине од Челзи, но вели дека сега работи за него се многу подобри.

Мората (25) призна дека во Челзи дојде со желба да се бори за Светското првенство, но не добие шанса на Светското првенство во Русија и истакнува дека имаше работи кои сега се зад него.

“Пропуштање на Светското првенство, тоа е многу тешко за мене, но на никој не му помогнува размислувањето за минатото. Јас ќе направам се што можам за да одам напред, но навистина беше тешко. Мислев за да се вратам во Италија или Шпанија”, рече Мората, додавајќи:

“Отидов во Челзи за да играм на Светското првенство, но не играв во Русија. Последниот пат не беше среќен, тоа беше катастрофа. Излегувам на терен и не знам каде сум.”

Сепак, работите сега се смирија и Мората е многу посреќен човек.

“Јас станав татко, имам нов менаџер, се вратив во екипата. Многу важни работи се сменија во мојот живот, особено моите синови, кои ми се посебна мотивација. Се надевам дека се ќе биде добро на теренот”, вели Мората.

“Стилот на игра се промени во Челзи и е сличен е на шпанскиот систем. Повеќе поесд на топка и тоа ми одговара”, заклучи Шпанецот.